Една од најубавите жени на светот објави дека го чека своето прво дете

 

Познатата американска манекенка и поранешна Мис Универзум, Оливија Кулпо, ја објави среќната вест дека го очекува своето прво дете со сопругот, играчот на НФЛ Кристијан МекКафри.

Таа оваа вест ја објави на својот Инстаграм профил и сподели црно-бели фотографии на кои се гледа нејзиниот труднички стомак со натпис: „Ново поглавје, мајчинство“.

Калпо и МекКафри ја започнаа својата врска во 2019 година, а се венчаа во 2024 година на церемонија на Род Ајленд.

Оливија претходно отворено зборуваше за нејзините здравствени проблеми, особено за нејзината дијагноза на ендометриоза, која може да влијае на плодноста.

Во претходните интервјуа, Кулпо призна дека се плашела дали некогаш ќе може да забремени, што ја прави оваа вест уште поемотивна и посебна.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Olivia Frances Culpo (@oliviaculpo)

10.03.2025 - 23:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега