Убава вест: Бесплатен стоматолошки преглед за пензионерите од Центар

 

Градоначалникот Горан Герасимовски, на средбата со пензионерите во пензионерскиот клуб „Корчагин“, информираше дека Општина Центар обезбедува бесплатни стоматолошки услуги на возрасните центарци.

„Во соработка со Здружението на пензионери и Стоматолошкиот факултет, сите пензионери добиваат бесплатни стоматолошки услуги во Центар. Сите заинтересирани пензионери можат да закажат бесплатен стоматолошки преглед на телефонскиот број 071/223-320, секој работен ден во период од 08.00 до 14.00 часот. Оралното здравје е поврзано со општата благосостојба, особено во повозрасните години. Затоа, редовните посети на стоматолог не се само навика, туку и неопходност за секој пензионер кој сака да живее квалитетно и безболно“, рече Герасимовски.

Герасимовски, истакна дека за три години, доделени се над 10 милиони денари на пензионерите во Центар.

„Еднократна парична помош доделивме на 3.500 пензионери со што значително им го подобривме квалитетот на живот во пресрет на новогодишните празници. Покрај ова, први обезбедивме нега на стари лица во домашни услови и со услугата „Итно копче“ обезбедуваме помош во итни ситуации, во домашни услови“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски на средбата со пензионерите во пензионерскиот клуб „Корчагин“.

10.03.2025 - 12:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега