Протестен марш на жените и бројкот на маркетите и трговските центри на 8 март

 

Платформата за родова еднаквост на протестен марш по повод 8 март, Меѓународен ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените. Освен марш, оттаму најавуваат и бојкот на маркетите и трговските центри.

-Овој 8 Март, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за секојдневните системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење, Ве повикуваме на женски марш и на солидарен женски бојкот. На 8 Март повикуваме на бојкот на големите маркети, ланци и трговските центри кои преку вештачки наметната инфлација нѐ доведуваат до раб на егзистенција. А за да ја истакнеме вредноста на сè што секојдневно правиме во домот, овој 8 март ги повикуваме жените на бојкот на домашните обврски, велат од Платформата за родова еднаквост.

Протестниот марш ќе почне пред Универзална сала, ќе се движи по булеварот „Партизански одреди“ до Влада, а потоа до Собранието.

06.03.2025 - 12:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега