СО СРЕЌА: Вечерва е првото извлекување од „Фискална во рака - награда без мака“
Преку 500.000 плика ќе учествуваат во првото извлекување од наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“ кое ќе се одржи вечерва.
Наградната игра стартуваше на 1 декември годинава, а граѓаните учествуваат со собрани 20 фискални сметки од кој било износ издадени по 15 ноември 2013 година.
Главната награда е стан и дуќан во Скопје, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори. Извлекувањето ќе биде во девет кола.
Целта на наградната игра е да се подигне свеста кај граѓаните и да се зајакне фискализацијата.
Наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“ ја приредува Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа