„Згрми“ Стевчо Јакимовски - или предвремени избори на пролет или уставна криза
Лидерот на ГРОМ и градоначлник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски ги повика парламентарните политички партии во април да организираат предвремени избори бидејќи во спротивно можна е уставна криза.
Ги повикувам најголемите парламентарни политички партии во државата да се однесуваат крајно сериозно во наредната изборна година. Доколку во наредната 2014 година, во април се организираат само претседателски избори, постои сериозна шанса Македонија да влезе во уставна криза, да не се избере претседател. ГРОМ апелира да се оди на предвремени парлементарни избори заедно со редовните претседателски, а доколку тоа не се случи, Република Македонија ќе се соочи со политичка криза, која ќе има и тешки економски реперкусии, а одговорноста за тоа ќе ја понесат оние партии кои не сакаат да има предвремени парламентарни избори, изјави денес на Централниот одбор лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа