Водеше Дневник, прегази човек на пешачки па ја снема - Каде е денеска српската водителка?

 

Петра Цвијиќ која беше една од водителките на РТС, и заштитно лице на нивниот Дневник, се повлече од пред малите екрани поради сообраќајна несреќа.

Судењето на водителката траеше четири години, а таа за тоа време не се појавуваше во јавноста. Српските медиуми пренесуваат дека таа и понатаму работи на РТС, но само позади екраните, во реализацијата на информативната програма.

Водителката на пешачки премин го прегази 73-годишниот Слободан Бајиќ кој почина на лице место. Несреќата се случи во Белград, на 9 јануари 2012 година.

Тогаш, таа изјави дека пред неа имало автобус од кого не го видела пешакот, и дека тој не бил на пешачкиот туку неколку метри пред него.

Апелациониот Суд во Белград првостепено ја ослободи водителката.

 

 

19.02.2025 - 08:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега