ЗНАМ за патните трошоци: Левица е проблем за секое можно решение

 

Пратеничката Даниела Белимова од редовите на ЗНАМ денеска порача дека го прифаќаат секој предлог кој што е конструктивен за патните трошоци за пратениците, но вели дека е потребно нешто реално, а не да се прави само популизам.

-Треба да договориме нешто што е реално и општо прифатливо, а не само да правиме популизам. Кога ќе седнеме на маса и ќе ги ставиме сите работи, тогаш ќе изнајдеме и решение, рече Белимова во Собранието.

Од партијата најавуваат дека нема да ги поддржат денешните предлог-измени кои доаѓаат по иницијатива на Левица зошто според нив Левица е проблем за секое решение.

- „Левица не е решение на проблемот, туку проблем за секое можно решение“, велат од ЗНАМ.

12.02.2025 - 11:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега