Средба Радев-Азески: Да се отстранат бариерите кои ја попречуваат соработката со Бугарија

 

 

Денес во Софија, Бугарија се одржува „The Economist Business Summit“, кој ги собра заедно политичките и бизнис лидерите од Бугарија и од регионот. Се разговараше на глобални и регионални теми како: глобалната геополитичка состојба, енергијата и зелената транзиција, вештачката интелигенција, информатичката технологија и приоритетите на Р. Бугарија за 2025 година.

На настанот се обратија претседателот на Р. Бугарија, Румен Радев, кој официјално го отвори Самитот, како и премиерот Росен Желјазков.

На настанот присуствуваше и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески кој оствари средба со претседателот на Р. Бугарија, Румен Радев. Заедно се договорија да организираат средби на македонски и на бугарски бизнисмени во текот на месецов, исклучиво на теми поврзани со инфраструктурата, зголемување на трговската размена и отстранување на сите бариери кои ја попречуваат соработката меѓу двете земји.

За таа цел претседателот Азески ќе одржи одделни средби со премиерот Желјазков и со вицепремиерот и министер за транспорт на Р. Бугарија, Гроздан Караџов.

05.02.2025 - 10:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега