Овој таен код го открива гробот на Александар Македонски во Свети Николе?

 

Ништо не е невозможно за тој што има волја да се обиде. Овој цитат на големиот војсководец Александар Македонски од 340 и некоја година пр.н.е. ја добива сета своја смисла токму денеска и токму во Свети Николе. Всушност, градот кој го носи името на светецот-чудотворец има чудесно минато, кое е голем предизвик за историчарите и за археолозите, но и за светиниколци. Сите се заинтересирани да истражат, да видат или да слушнат што крие мајката-земја... Особено затоа што по откривањето на древниот пајонски град Била Зора, се зборува дека на мистериозниот рид во Црнилиште се наоѓа гробот на Александар Македонски. Оваа вест најпрвин се пренесуваше срамежливо и скептично, но откако пред две години независниот истражувач од Хрватска, Домагој Николиќ, во популарната емисија На рубу знаности" ги објави своите сознанија за Александар Македонски, остана скепсата, а за геоглифот, пак, кој најдобро може да се види од птичја перспектива, во Свети Николе почна се погласно да се зборува.

Од тие причини и екипата на ВЕЧЕР одлучи да отпатува до овој дел од Овчеполието и да ви пренесе дел од тоа што го виде на самото место. 
Таму не пречека нашиот домаќин Никола Ристевски, економист по професија, но млад независен истражувач кој пораснал со приказните за древните племиња на овие простори, со информациите за Пајонија, за кодот кој е испишан врз мистериозниот рид, кој најдобро се гледа од небо. 
- Пред две години археологот Горан Динев, тогаш вработен во градскиот музеј во Свети Николе, ме повика да разговараме со посетител од Хрватска. По посетата на Кратово, Домагој Николиќ решил да го види мегалитскиот ѕид од другата страна на Богословец, кај Брегалница, кој народот го нарекува Ѓаволски" (според старото народно предание). Во музејот немало некој што бил запознаен со теренот, а и мојот пријател археолог дотогаш немал можност да го види овој огромен ѕид, па ги прошетав до самото место. Разменивме многу информации и литература и ја искористив можноста да го информирам за навидум чудниот геоглиф. Точно една година пред емисијата за Александар, На рубу знаности", емитуваа емисија со наслов По трагите на древното рударство на Балканот", каде што Домагој Николиќ говореше за неговите истражувања низ Македонија. Тогаш водителот Крешимир Мишак, кој за повеќемина од мојата генерација, несомнено, е еден од најважните личности на нашата доба, изјави дека оваа небесна стрелка секако заслужува троа повеќе од слики од сателит - ни раскажа младиот Никола, кој и летово го дружеше неговиот постар хрватски колега во повеќедневните истражувања низ Македонија. Всушност, Никола веќе неколку години наназад во неколку електронски медиуми објавува статии за Овче Поле и за геоглифот, а има свој придонес и во свртувањето на вниманието на јавноста кон ова откритие.

Целата репортажа прочитајте ја во Вечер

27.12.2013 - 23:02
Фото: 
Вечер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега