ВЛЕН: Помина времето кога криминалци го имаа главниот збор во градовите

 

ВЛЕН испратија соопштение за јавноста во кое тврдат дека времето кога криминалците го имаа главниот збор во нашите градови, маали и улици, како и убиства среде град, обиди за убиства во трговски центри, кражби, упади со автомобили, денес се минато.

Во продолжение соопштението во целост:

Граѓаните ја вратија надежта и довербата во државните институции, бидејќи владата воспостави ред и закон. Со ова се задоволува потребата граѓаните да бидат безбедни каде и да живеат и работат.

Неодамнешните апсења се показател за посветеноста и подготвеноста на владините коалициски партнери да се борат против криминалот и корупцијата и да го вратат редот и безбедноста во нашата средина. Коалицијата ВЛЕН и Владата сега станаа синоним за борба против криминалот и корупцијата. Неодамнешните апсења на криминални групи се јасен доказ дека државните институции преземаат важни чекори кон исполнување на нивните заложби за гарантирање на безбедноста и правдата.

И од финансиската полиција се поднесени 5 кривични пријави против лица поврзани со институција со која раководеше ДУИ нон грата, поточно Бирото за метрологија.

Заложбата на Владата им гарантираше и им даде слобода на институциите за спроведување на законот да дејствуваат и да апсат криминалци и повеќе да не дозволуваат нивните активности како што правеа досега. Ги информираме граѓаните дека ова е процес кој бара време и континуирана посветеност.

Продолжуваме да останеме посветени и одлучни во борбата за општество ослободено од криминалот и корупцијата, граѓаните да се чувствуваат безбедно кога шетаат низ градот и да имаат целосна доверба во државните институции.

ВЛЕН е гаранција за стабилност и безбедност. ВЛЕН е иднината на Албанците.

20.01.2025 - 10:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега