Путин му честита на Трамп
Владимир Путин му честиташе на Доналд Трамп за преземањето на функцијата неколку часа пред неговата инаугурација.
Рускиот претседател изјави дека е отворен за дијалог со новата американска администрација за прашањето на Украина и нуклеарното оружје. Путин ги даде овие коментари за време на состанокот на рускиот Совет за безбедност.
Клучната американска воена и финансиска поддршка за Украина во нејзиниот отпор кон руската инвазија може да биде загрозена од администрацијата на Трамп, пишува Скај њуз, потсетувајќи дека Трамп претходно вети дека ќе го реши конфликтот во рок од 24 часа.
Оваа ситуација, пишува Скај њуз, сугерира дека преговорите се во тек, но тие би му дале на Путин значително подобра преговарачка позиција, со оглед на окупацијата на голем дел од украинската територија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа