Се судрија две товарни возила во Битола

 

Вчера во 08.39 часот во полициска станица во Битола било пријавена сообраќајна несреќа која се случила на ул. „Филип Втори Македонски’’ и ул. „Цане Василев’’ во Битола.

„Во несреќата учествувале товарно возило „фиат" со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(24) од Битола и товарно возило „нисан" со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(41) од Битола, по што возилото „фиат" удрило во пешак З.Г.(55) од Р.Грција. З.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола“, се вели во билтенот на МВР.

12.01.2025 - 13:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега