Вклучено грејно тело или неисправна електрична инсталација причина за пожарот во Охрид

Голем пожар ноќеска околу 2 часот избил воохридскиот хотел Бренд, јавува Охриднет. Според порталот, огнената стихија ја зафатила кујната на хотелот и рецепцијата. 

како што јавува Суперрадио, најверојатно причина за избувнувањето на пожарот е или неисправна електрична инсталиција или или вклучено грејно тело.

Управникот на хотелот „Бренд“ Благоја Стојкоски вели дека се се случило за многу кратко време. Истрагата ќе ги утврди точните причини за пожарот, мегутоа тој претпоставува дека е во прашање или застарена инсталација, или предизвикан краток спој во струјната табла, каде дошло до експлозија.

- Цел живот сум угостител, ова не ми се случило. За половина час, изгореа рецепцијата, шанкот, ТВ салата, скалите, канцелариски простор. Ако е некаква утеха, стихијата не направи габаритни штети, не го зафати покривот. Се подготвувавме за Нова Година, имавме најави за мал број гости со спиење и полупансион, вели видно вознемирен управникот Стојкоски, пренесе Суперрадио.

Инаку, со пламените јазици се бореле 3 противпожарни возила и осум пожарникари.

26.12.2013 - 15:08
Фото: 
засе.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега