Рекорден буџет за Бутел: Инвестиции во паркови, градинки и инфраструктура
Денес на седницата на Советот на Општина Бутел беше изгласан и донесен најголемиот, рекордно проектиран буџет кој некогаш го имала општина Бутел инфомираше преку социјалните мрежи градоначалникот Дарко Костовски. Тој посочи дека ова е развоен кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните.
„Со овој буџет издвоени се финансии за реализација на:
- Парк во населено место Радишани
- Пешачка патека покрај река Серава
- Детска градинка во населеното место Бутел 2
- Доуредување на речното корито на Река Серава
- Реконструкција на клучните сообраќајници во општина Бутел
- Реконструкција и ревитализација на голем број на помали сервисни улици
- Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација
- Изградба на нови спортско рекреативни центри
- Нови детски игралишта
- Нови спортски игралишта
- Нов пешачки и пристапни патеки
- Поддршка на спортски клубови
- Спортски стипендии
- Субвенционирање на кровови и фасади
- Парична помош за пензионерите
- Зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства
- Финансии за културни и спортски настани„ напиша Костовски
Тој дополни дека во овој буџет не се предвидени средства за репрезентација, патни и непродуктивни трошоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа