Во штипската болница на свет дојде илјадитото бебе годинава

Во Клиничката болница-Штип се роди 1.000-то новороденче за оваа година. 

Според директорот на Кличничка болница, Александар Стојанов,подобрувањето на условите во болницата и акцијата на Владата за трето дете веќе ги даваат резултатите. - Имавме еден период на мала стагнација, бројките беа за жал доста намалени 800 или 900 деца беше максимумот, меѓутоа сега се враќаме назад во едни подобри времиња благодарение на проектот на Владата за трето дете. Подобрата екипираност на болницата и на персоналот овозможуваат многудетната фамилија да стане повторно реалност и кај нас, изјави Стојанов.

Илјадитото бебе е малата Мелиза чија мајка е деветнаесет годишната Ресмие Јунузова од општина Конче. И мајката и бебето се чувствуваат добро.

26.12.2013 - 14:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега