Ставревски: Во Македонија се почитуваат законите

Пратениците денеска поставуваат пратенички прашања како и секој последен четврток во месецот. 

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски денеска истакна дека во Македонија законите се почитуваат, ограничено е колку пари смее да се пренесат  преку граница во готовина, а исто така постојат обврски за банките за секоја трансакција над 10.000 евра да биде пријавена во  Управата за спречување перење пари.

Шекеринска  се осврна на, како што наведе, корупцискиот скандал во Турција и повикувајќи се на тврдење на директор на Халк банк оти од дел од парите што во кутии за чевли биле најдени кај него дома, милион евра биле наменети за Македонија, праша како тој износ пари стасал од адреса во Турција во Македонија и за кого биле наменети. Изнесе и тврдење дека во последните четири години просекот на нелегални финансиски трансфери  е милијарда и 24 милиони долари и праша на што се должи, како што рече, драстичниот пораст на тој износ за двапати во однос на претходните четири години.

- Ако располагате со информација којашто е сигурна дека се пренеле нелегално милион евра имате обврска тоа да го пријавите. Универзитетите се финансираат  од донации, но тоа не значи дека трансакцијата е направена по нелегален пат. Сето друго претставува ваша шпекулација бидејќи немате ниту  еден доказ ниту пак кажавте на база на што ги изнесувате овие квалификации, рече Ставрески.

Во секој случај, додаде, ние ги почитуваме законите и  Управата за спречување перење пари има обврска за секоја пријавена трансакција од над 10.000 евра да го провери потеклото на парите и дали се внесенеи по легален пат, а НБРМ пак има обврска да ги контролира трансакциите на банките  и нивното целокупно работење. - Со оглед дека вие не кажавте на база на што сметате дека е извршена трансакцијата и чисто само шпекулирате можам да кажам  дека согласно законите е  следено и контролирано работењето на секоја банка во Македонија  и дека секоја трансакција од над 10.000  евра банките се должни да ја пријават, а НБРМ да ја провери.  Кога станува збор за граѓани кои пренесуваат  пари во кеш преку граница тие се должни да пополнат образец во  кој ќе наведат колку пари имаат во готовина, на кој начин ги стекнале и зошто ги пренесуваат во готовина, наведе Ставрески.  

26.12.2013 - 14:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега