Повторно раст на заболени од Ковид-19 во Македонија


Институтот за јавно здравје информира дека месецов е зголемен бројот на заболени со Ковид-19. Во периодот од 16 до 22 септември регистрирани се 64 нови позитивни случаи што е  зголемување од 12,3 отсто во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица од девет градови. Најголем дел се од Скопје, а нависока инциденца е регистрирана во Пехчево.

– Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 69 лица. Во текот на минатата недела пријавено е едно починато лице асоцирано со КОВИД-19, од Тетово, од возрасната група над 65 години. Лицето е вакцинирано со 2 дози против КОВИД-19, поминати 3 години од последната доза на вакцина, со регистрирани коморбидитети. Позитивното лице е починато во болнички услови, информираат од ИЈЗ.

Во текот на годинава, регистрирани се вкупно 1.624 заболени и 21 починато лице, додека од појавата на првиот случај на Ковид-19 во земјава, пријавени се вкупно 251.940 заболени и 10.000 починати лица асоцирани со Ковид-19.

– Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Битола и Куманово, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци. Највисок морталитет се регистрира во Охрид, Кавадарци и Прилеп. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка, соопштуваат од ИЈЗ. 

23.09.2024 - 15:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега