За децата од ова училиште се уште не почнала школската година: Родителите протестираат

Од денеска е отворен конкурсот за прием на 21 наставници во ОУ „Визбегово“. Конкурсот ќе трае три дена, до среда.

Се бараат наставници за настава на албански и на македонски јазик, додека нето платата зависи од работните часови на наставникот.

Покрај наставници, ќе бидат ангажирани и секретари, хигиеничари, мајстор и двајца чувари.

Конкурсот беше распишан по протестите што минатиот петок ги одржаа жителите на Визбегово, бидејќи нивните деца веќе 20 дена не одат на училиште.

Градоначалникот на општина Бутел не информираше дека штом се затвори конкурсот, во најбрз можен рок ќе се реши ова прашање и децата ќе почнат да одат на училиште.

23.09.2024 - 17:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега