Макрон утре назначува нов премиер на Франција
Францускиот претседател Емануел Макрон утре пред пладне ќе назначи нов мандат за состав на влада, соопшти Елисејската палата.
„Соопштението за именувањето на премиерот ќе биде објавен утре наутро“, соопштија од придружбата на Макрон, додека францускиот претседател вечерва слета на парискиот аеродром на враќање од посетата на Полска.
На 4 декември, Парламентот и изгласа недоверба на владата на премиерот Мишел Барние, првпат по падот на владата на Жорж Помпиду во 1962 година.
12.12.2024 - 22:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа