Герасимовски со нови мерки против вандализмот во Центар

 


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во однос на вандализмот со оштетување на јавното добро на територија на општината информира дека се отпочнати одредени програми со цел намалување на деликвенцијата и лошото однесување на одреден број жители во општината.

„Почнавме одредени програми, за држење обуки и на наставниот кадар. Ќе продолжиме и со учениците за да се подигне свеста. Отпочнавме одредени предлог законски измени со цел да се вметнат поригорозни мерки за прекршување односно оштетување на јавното добро. Законски измени не само во делот на зголемување на казните за оштетување урбана опрема, туку и општествено одговорна работа кадешто би се вклучиле и децата и родителите за да ја подигнеме свеста на што повисоко ниво. Со ова, родителите да одвојуваат и што повеќе време со децата и да ги учат во правилна насока на однесување“, рече Герасимовски.

Герасимовски потенцира дека е побарано повторно засилено присуство на полицијата во општината за да се намалат девијантните однесувања на одредени млади луѓе.

22.11.2024 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега