Стигна пресудата: Од година и 3 месеци до 5 и пол години затвор за велешката група која на забави вршела полови дејства врз дете
Од една година и три месеци до пет и пол години казна затвор за 12 велешани кои полово злоставувале 15-годишно девојче во Велес.
Кривичниот суд изрече пресуда за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал со дете-жртва.
Во јануари годинава, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата.
Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво конзумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето.Обвинение беше поднесено против 15 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа