Претставена платформата Линкер - мост меѓу студентите и бизнисите
Слушнете ги нашите гласови, иновативни предлози и визии за иднината, дозволете ни да бидеме дел од процесот на донесување одлуки, формирајте средини во кои младите ќе бидат активно вклучени во економијата и општеството преку програми за вработување, образование и поддршка на иновации, побараа денеска студентите од креаторите на политиките.
Од настанот по повод Меѓународниот ден на студентите, тие порачаа, „преку инвестирање во младите, ќе изградиме посилна, инклузивна и просперитиетна иднина за сите“.
На настанот беше промовирана и платформата Линкер која претставува директен мост меѓу студентите и бизнисите.
-Ја отвораме новата страница за македонските студенти, бизнисите и економијата. Ја презентираме платформата Линкер, иновативен проект кој произлезе од студентските визии, соништа и потреби. Линкер значи нова можност за стекнување практично искуство, за развој на нови вештини и за финансиска независност, истакна претседавачот на Националното студентско тело Александар Николовски.
Како што истакна Николовски, за бизнисите платформата е можност да дојдат до млад и мотивиран кадар, но линкер има и поголемо значење.
-Тоа е и алатка за младинската невработеност, за задржување на младите таленти во земјата и поттикнување на локалната економија. Со ова порачуваме: денешните студенти се двигатели на утрешниот напредок, идни инженери, доктори, учители, лидери и претприемачи. Упатуваме директно барање до носителите на политките за поголема поддршка при заедничкото создавање можности за надградување и примена на нашите знаења и вештини дома, рече Николовски.
Тој ја пофали досегашната комуникација со креаторите на политиките.
-Комуникацијата меѓу нас и носителите на политиките е досега на невидено високо ниво, како со студентнските мерки, така и со планот за реконструкција на зградта на ФИНКИ и реформите во високото обраозвание, нагласи претседавачот на Националното студентско тело.
На одбележувањето на Меѓународниот ден на студентите се обратија претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование Весна Јаневска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа