Тошковски: За еден ден можеме да произведеме 12 илјади возачки дозволи

 


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната прес-конференција информираше дека 
МВР во изминатиов период ги има обезбедено сите потребни услови за да им овозможи на граѓаните нормален и достоинствен пристап до институцијата, да им ги овозможи обрасците коишто претходно ги немаше, да инсталира и стави во функција нова машина која што машина за персонализација на возачки дозволи и на лични карти да речеме дека во најмала рака го типлира капацитетот којшто сме го имале претходно.

Сега од прилика можеме на дневна основа да произведеме во доколку е потребно во две смени негде околу 12 илјади возачки дозволи, рече министерот.

„Тоа би значело дека сме спремни за помалку од 20 дена доколку граѓаните поднесат барање да ги издадеме сите возачки дозволи, а притоа знаете сите не е повеќе тема во јавноста и драго ни е што не е повеќе тема во јавноста дека гужви пред шалтери на МВР споредено со тоа што беше хаосот од претходно нема“, нагласи Тошковски.

15.11.2024 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега