Сведок: Велимир Манев и Влатко Кешишов имаа чуден однос со Палевски
Членови и симпатизери на политичката партија „Десна“ денеска во Основен кривичен суд Скопје сведочеа во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тие споделија за нивниот ангажман во партијата, познанството со обвинетите и моментот на претрес на просториите на партијата.
Сведокот Ѓорѓи Џолев, претседател на Централниот комитет на политичката партија „Десна“, денеска на прашањето кој од обвинетите бил најблизок со Љупчо Палевски, одговори дека тоа биле Велимир Манев и Влатко Кешишов.
-Дури имаа некој поданички однос што ми беше чудно зошто така се однесуваат. На пример, неколку пати сме се расправале со Палевски, сме повишувале тон, но кога ќе се повишел тон на некој од нив, тие не реагираа. Имаа чуден однос, рече сведокот.
Посочи дека тие денови се видел и со адвокатот Васко Стојков кој му кажал дека го однел Палчо на лекар, но не помни каде.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа