Маск: Путин не е виновен за војната во Украина, сѐ почна во 90-тите
Милијардерот Илон Маск во денеска сподели видео во кое американскиот економист Џефри Сакс објаснува дека проширувањето на НАТО, за кое се залага Америка, доведе до војната во Украина, а не до руската агресија.
Во видеото споделено на Х американскиот економист тврди дека намерата на САД да го прошират НАТО во Украина довела до нападот на рускиот претседател Владимир Путин.
Точниот датум и време на видеото во кое се претставува Џефри Сакс не се познати, а Илон Маск во описот на објавата напиша „интересно“.
„НАТО нема да се помести ниту сантиметар на исток“
Во видеото, Сакс потсетува на ветувањето на НАТО од 1990 година до советскиот претседател Михаил Горбачов дека алијансата „нема да се помести ниту педа на исток доколку се согласи на обединување на Германија“.
„САД го прекршија ветувањето“
Сакс тврди дека проблемите започнале кога САД почнале да го кршат тоа ветување.
„Проширувањето на НАТО официјално започна во 1999 година, со вклучување на Полска, Унгарија и Чешка. САД, исто така, го предводеа бомбардирањето на Србија во 1999 година, кое вклучуваше бомбардирање на НАТО на Белград 78 последователни дена“, рече Сакс во видеото, додавајќи дека Русија тогаш го осуди потегот.
„Путин еднаш размислуваше за членство во НАТО“
Сакс, исто така, тврди дека Владимир Путин некогаш бил „проевропски“ и дека дури размислувал да влезе во НАТО заради „взаемно почитување“. Тој рече дека ситуацијата се влошила кога САД еднострано се повлекле од Договорот за антибалистички ракети во 2002 година.
„Во 2002 година, САД еднострано се повлекоа од Договорот за антибалистички ракети. Ова го поттикна распоредувањето на американски ракетни системи во Источна Европа, што Русија го гледа како сериозна и директна закана за нејзината национална безбедност“, рече тој.
Сакс тврдеше дека САД одиграа активна улога во промената на режимот во Украина во 2014 година, дополнително влошувајќи ги тензиите и покрај постојаното предупредување на Путин за проширувањето на НАТО предводено од САД.
„САД тогаш рекоа: 'Сега НАТО навистина ќе се прошири'. Путин упорно велеше: 'Чекај, ветивте дека нема да има проширување на НАТО'. Естонија, Латвија, Литванија, Бугарија, Романија, Словачка, Словенија - уште седум земји во тоа 'ниту еден сантиметар на исток'. Во 2021 година, Путин предложи нацрт-руско-американски договор за безбедност. Суштината во тоа беше да нема проширување на НАТО. Почнаа специјалните воени операции, а пет дена подоцна Зеленски рече: 'Во ред, во ред, неутралност'. Тогаш САД и Британија рекоа, нема шанси, ние ќе бидеме со вас, сега имаме 600.000 мртви Украинци, бидејќи Борис Џонсон одлета во Киев за да им каже да бидат храбри“, рече Сакс.
„Ние немаме работа, како што ни кажуваат секој ден, со некој лудак како Хитлер. Тоа е целосна лага, лажна историја што е чиста ПР приказна на американската влада. Тука си играме со оган. Бог нека ни е на помош ако нуклеарна сила тргна на нас. Не знам што ќе се случи, но ние први тргнавме кон нив“, заклучува Сакс во видеото што го сподели Маск на својата социјална мрежа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа