Хајрулахи тврди дека е суспендиран откако објавил дека ќерката на неговиот шеф изнесува информации во јавноста за постапки во Обвинителството
Одлуката за оддалечување од функцијата на Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, кој е шеф за скопското Вишо обвинителство, е притисок до шефот на републичкото обвинителство Љупчо Коцевски.
Хајрулахи на прес-конференција рече целта на оваа одлука е да се влијае врз предмети кои се работат во Вишото обвинителство.
-Од страна на републичкиот јавен обвинител преку службите ми беше доставена одлука за оддалечување од функцијата виш јавен обвинител со образложение дека против мене се води кривична истрага во Обвинителството во Штип. Таа кривична е поднесена од републичкиот јавен обвинител, а тенденцијата е мене да ме заплаши со се колегите кои работат согласно законот. И да се донесат незаконски одлуки. Пред извесно време од 19 септември, републичкиот обвинител ми рече дека по однос на предметот за бонусите на СЈО треба да донесам одлука со која ќе се поткрепи првостепената одлука и да не се даде својство на оштетен на подносителот ВМРО-ДПМНЕ, рече Хајрулахи.
Според него, тој одбил да даде ваква наредба на било кој обвинител.
-Јавниот обвинител ме извести дека ќе има вонреден надзор за Вишото јавно обвинителство. Спорното во целиот надзор е тоа што од тројца јавни обвинители, двајца, по сила на закон, не би требало да го вршат – едниот е Елвин Вели до пред заминување во Републичко беше мој прв заменик и обвинител кој постапуваше, а обвинителката Лиле Стефанова не би требало да учествува бидејќи се вршеше надзор на предметите од поранешното СЈО, додаде Хајрулахи.
Посочи дека настанот има цела хронологија.
-Кога ме повика и ми вршеше притисок, тој ми кажа дека против мене, неколку вработени во Вишото јавно обвинителство, доставена е претставка до Републичкиот за наводен мобинг. Републичкиот тогаш кажа дека содржината е смешна и крајно несериозна и дека ако има било каков мобинг – тоа треба да се процесуира во граѓанскиот суд. По тоа, го обзнанив настанот, дека ќерката на Коцевски дава информации во одредени медиум за текст… Свиркачот ми рече дека папката со информации, е ќерката на јавниот обвинител, додаде Хајрулахи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа