Мајката на Вања за денот на исчезнувањето: Александар беше смирен и потиштен не беше избувлив, како што знаеше да биде

 


Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања при денешното сведочење зборуваше и за нејзиното мислење за Александар.

Како што рече, „беше импулсивен и знаеја за тоа да му замерат, јас со него немав многу комуникација, разговаравме само за децата, јас не се мешав во неговите работи, ниту тој во моите“.

-Понекогаш знаеше да изреагира на начин кој што децата му замеруваа, меѓутоа се грижеше за нив физички, но знаеше да викне по нив и поради тоа знаеше да му замерат. Во поголемиот дел јас ги издржував децата, алиментација не барав, немаше потреба, меѓутоа кога нешто требаше да се купи, секогаш купуваше, сѐ додека oстана без работа, рече Ѓорчевска.

Прашана дали се случило нешто специфично додека трагале и каков бил Александар, таа одговори дека бил смирен и потиштен.

-Беше смирен, потиштен, повлечен, тажен, не беше избувлив, како што знаеше да биде, ако нешто се случеше да викне по мене знаеше, дека јас сум крива, рече таа.

14.10.2024 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега