Петрушевски: Претходната власт направила бунар без дно од Национални шуми
Владата на СДС и ДУИ ги има заглавено Национални шуми. Според Извештајот на ДЗР нема воспоставен попис на побарувања по комитенти, нема податоци за основот и старосната структура на истите, ниту дали се преземени дејствија за наплата, изјави на денешната прес-конфернција Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ревизијата која е извршена за 2021 година, а изготвена во 2023 година, покажува дека влада на СДС и ДУИ се однесувале кон Национални шуми како бунар без дно, рече Петрушевски.
„Имено Извештајот покажува дека во 2021 година Национални шуми има ненаплатени побарувања од 62 милиони денари, што е над 1 милион евра.
За 47 милиони денари, односно 800.000 евра, нема аналитичка евиденција, не се знае ниту основот, ниту староста.
Седум години Национални шуми тонеше.
Не е чудо што кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде владата, претпријатието немаше ниту за плати.
Неспособноста завршува со СДС. ВМРО-ДПМНЕ работи 100% одговорно, за твојата иднина“, посочи Петрушевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа