ВМРО-ДПМНЕ: Испорачуваме иднина за младите
ВМРО-ДПМНЕ и Владата го исполнуваат ветеното, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ и Владата покажаа кој е на високо место на листата на приоритети.
Досега на дело се виде обезбедување на пари од буџетот за студентите, лекарите, студентските домови и инфраструктурни проекти, продолжуваме со новитети во креирањето на младинските политики.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува со новиот буџет фонд во висина од 10 милиони евра за развој на бизниси за млади лица од 18 до 29 години.
Млади на оваа возраст ќе добијат можност за грантови за поддршка во износ до 30 илјади евра.
На овој начин се стимулира домашната економија, се поттикнува економската активност, а воедно се создаваат финансиски независни и успешни поединци.
Дополнително за сите студенти се обезбедуваат ваучери во вредност до 250 евра за купување на електронски уреди.
ВМРО-ДПМНЕ и Владата испорачуваат иднина за младите!“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа