Небензја: Безобразна е одлуката на Израел да го прогласи Гутереш за персона нон грата

 

Израелското прогласување на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за персона нон грата е безобразна одлука и шлаканица за Светската организација, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.

„Денешната вест за прогласувањето на генералниот секретар на ОН за персона нон грата е безобразна и крајно груба одлука. Ова е шлаканица не само за ОН, туку и за сите нас, Советот и членки на ОН “, изјави Небензја, пренесе РИА Новости.

За време на состанокот на Советот за безбедност на ОН тој ги повика членките на Советот и членките на ОН да одговорат на овој „безобразен чекор“.

Небензја посочи дека Советот за безбедност на ОН ги има потребните алатки за решавање на овие проблеми и ги повика сите да реагираат што е можно поскоро.

Претходно денеска израелското Министерство за надворешни работи го прогласи Гутереш за персона нон грата и му забрани влез во земјата.

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, изјави дека на Гутереш му е забранет влезот во земјата затоа што „недвосмислено“ не го осудува иранскиот ракетен напад врз Израел.

„Секој кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не заслужува да стапне на израелска почва“, рече Кац.

02.10.2024 - 20:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега