Над 30 лица во болница по пожарот во Чаир - над 80 евакуирани од покривот

 


Вкупно 30 лица побарале помош во скопскиот Клинички центар по пожарот кон ноќеска околу 2 часот избил во зграда во скопски Чаир. Според последните информации кои ги добивме од Клиниката за Токискологија таму во моментов на опсервација се задржани 4 лица кои биле повозрасни па докторите се претпазливи и не сакаат да се случат некакви компликации.

Според информациите од терен, околу 80 лица со пожарникарската корпа биле евакуирани од покривот на зградата каде побегнале откако густиот дим се проширил од подрумот. Таму се запалил магацин на фирма која што продава расвета и многу пластични матеирјали поради што остриот мирис се чувствуваше на повеќе локации во Скопје.

На 02.10.2024 во 01.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на ул. „Серава“ во Скопје. На лице место упатена е екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје. Поради вдишување на чад до 06.30 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош се јавиле неколку лица, од кои еден пожарникар и еден полициски службеник. Во 06.30 часот од кровот на зградата биле симнати повеќе станари и ниту еден нив немал повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираше МВР

02.10.2024 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега