Мицкоски: Како Влада направивме неколку грешки, но се коригиравме
Премиерот Христијан Мицкоски во своето излагање по повод 100 дена од владеењето рече дека како влада имаат направено неколку грешки, кои не беа катастрофални.
Како влада направивме неколку грешки, кои не беа катастрофални, но го слушавме гласот на народот и навреме се коригиравме, истакна Мицкоски.
„Секој што работи понекогаш знае и да погреши и тука не треба да се земе за зло доколку се коригираме…лошо е ако имаме мислење и чувство дека сѐ знаеме и дека гласот на народот воопшто не е важен. Тогаш грешиме. Мислам дека како влада, во изминатиот период направивме по некоја грешка. Ниту една не беше катастрофална, но секогаш, без исклучок се коригиравме и реагиравме навремено, како што доликува на една народна влада“, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа