Трагедија во Тајланд: Се запали училишен автобус во Тајланд, најмалку 25 загинати
Се стравува дека загинале околу 25 луѓе во Тајланд кога училишен автобус со ученици и наставници на екскурзија се запалил во предградие на главниот град Бангкок, при што 16 патници се хоспитализирани, соопшти владата.
Полицијата не можеше веднаш да го потврди бројот на повредени или загинати, но министерот за внатрешни работи Анутин Чарнвиракул изјави за новинарите дека се верува дека загинале 25 лица, без да даде детали.
Шеснаесет ученици и тројца наставници се пренесени во болница, изјави министерот за транспорт Сурија Хуангроонгруангкит, додавајќи дека причината за инцидентот се уште се истражува.
На првите снимки објавени на социјалните мрежи, пренесени од локалните медиуми, се гледа како густ сив чад се излева од автобусот, чии делови сè уште гореле. Пожарот подоцна бил изгаснат.
Премиерот Паетонгтарн Шинаватра рече дека учениците отишле на екскурзија.
„Како мајка, би сакала да изразам најдлабоко сочувство до семејствата“, рече таа во објавата на X.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа