72-годишен дедо итно пренесен во болница - управувајќи електричен тротинет се судрил со тинејџер на мопед
Вчера околу 19.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „пежо“, управуван од Д.М.(18) и електричен тротинет управуван од Џ.И.(72), двајцата од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.
28.09.2024 - 12:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа