Сиљановска Давкова - Штајнер: УНДП продолжува да ја поддржува Македонија во процесот на евроинтеграции
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Њујорк, во рамки на посетата на САД по повод учеството на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
На средбата се разговараше за досегашната соработка и активностите на УНДП коишто се реализираат во нашата земја преку партнерства со македонските институции, општини и граѓанското општество.
Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за континуираната поддршка на УНДП, при што нагласи дека поддршката е значајна за македонскиот евроинтегративен пат, како и за креирање инклузивно општество во различни области.
Соговорниците изразија задоволство од досегашниот тек на заемните активности коишто се во согласност со македонските национални приоритети, а се базираат на основа на принципите за одржлив развој и се усогласени со процесот на пристапување во Европската Унија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа