Вреди: Ја создадовме есенската кошничка - ќе поевтинат прехранбените производи

„Во овие предизвикувачки времиња, коалицијата ВЛЕН повторно покажува дека е тука за вас! Се гордееме што преку нашиот министер Бесар Дурмиши е донесена важна одлука за ограничување на бруто профитната маржа на основните прехранбени производи до 10%“, стои во соопштението на коалицијата Вреди, испратено утрово до медиумите.
Во него велат дека со оваа мерка, ќе ги направат основните прехранбени производи попристапни за сите.
„Есенската кошница вклучува 73 производи, која е создадена со цел да се заштити стандардот на секој граѓанин. Знаеме дека животот е скап, и токму затоа ВЛЕН работи на решение!
Според последните статистики, трошоците за живот растат, но ние не дозволуваме нашите граѓани да бидат оставени на маргините. Ние сме тука за да делуваме! Проценките покажуваат дека со стапување на сила на оваа одлука, трошоците за храна и безалкохолни пијалоци ќе се намалат во просек за 10%!
ВЛЕН, под водство на министри како Бесар Дурмиши, стои силно и одговорно, работејќи во интерес на секој граѓанин. Не само што планираме, туку и дејствуваме! Оваа мерка е само првиот чекор. Во наредниот период, ќе имате можност да уживате и во божиќната, рамазанската и велигденската кошница, со ограничени цени за вашата удобност.
Драги сограѓани, нашата посветеност кон вас е непоколеблива. Со ВЛЕН, вашиот глас се слуша, вашите потреби се задоволуваат, и заедно градиме подобра иднина“, велат од коалицијата Вреди.
 
 
 
21.09.2024 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега