Муцунски пресече: Бугарија да ни се извини

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски очекува извинување од соседна Бугарија оти беше изоставено поставувањето на македонското знаме при посетата на претседателката Гордана Силјановска Давкова во Софија, кај нејзиниот колега Радев.

„Доколку другата страна пристапува во бона фиде, како што ние пристапуваме, тогаш природно е по ваква протоколарна грешка да се извини и може да каже дека беше грешка и дека не била целта каква било форма на навредување или меѓусебно понижување“, вели шефот на дипломатијата во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

16.09.2024 - 20:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега