Град Скопје: Пожарот во Расадник ставен под контрола


Екипите на Противпожарната единица на Град Скопје, со надчовечки напори делуваат на терен во Расадник каде попладнево изби пожар кој е веќе локализиран, ставен под контрола и во најкраток можен рок ќе биде целосно изгаснат, соопшто  прес-службата на Град Скопје.

Апелираат општина Кисела Вода да го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за изградба на нов мега-парк на таа локација, како што нагласуваат, со цел оплеменување на опожарениот простор и заштита на животната средина.

-На овој начин жителите на општината ќе добијат нов зелен појас наместо запуштен простор, кој во моментов претставува опасност по животот и здравјето на граѓаните, соопшти Град Скопје. 

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов претходно изјави дека со пожарот во Расадник зафатена е поголема површина со оревови дрвја, грмушки и трева и се шири во сите насоки, но оти нема да се прошири на околните објекти.

03.09.2024 - 18:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега