Во Крива Паланка и Пехчево нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи

 


Разладувањето во Крива Паланка и Пехчево пристигна предвреме.

Според радарска слика во источните делови во околината на Крива Паланка и Пехчево има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

„Од утре и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. За време на викендот и во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град“, стои во соопштението на УХМР.

14.08.2024 - 16:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега