Маск: Одиме на Марс, животот на Земјата ќе биде уништен

 

Извршниот директор на компанијата „Спејс Икс“, Илон Маск изјави дека дава приоритет на неговата визија за живот на Марс додека неговиот ангажман во рамки на Одделението за владина ефикасност се ближи кон крај.

„Марс е животно осигурување. Целиот живот на Земјата на крајот ќе го уништи Сонцето. Тоа постепено се шири и така на некој начин ќе мора да станеме повеќепланетарна цивилизација, бидејчи Земјата ќе биде уништена“, рече Маск за „Фокс њуз“.

Маск објасни дека неговата визија за Марс не е само слетување на планетата, поставување на знаме и оставање на траги на стопало, туку целта е да се создаде „самоодржлив град“.

„Основна точка на која ќе зависи судбината на животот е Марс да биде доволно самоодржлив ида може самостојно да расте, дури и ако бродовите за снабдување од Земјата престанат да доаѓаат, без оглед дали тоа ќе биде последица на исчезнување на цивилизацијата во некоја катастрофа или мирно“, рече Маск.

Маск во март на „Икс“ објави дека неговиот вселенски брод ќе тргне кон црвената планета кон крајот на 2026 година, со роботот Оптимус. Тој предвиде дека луѓе ќе можат да слетуваат на Марс веќе во 2029 година, иако многу поверојатно е тоа да се случи во 2031 година.

Според податоците на американската вселенска агенција НАСА, Сонцето како ѕвезда со полупречник од околу 700.000 километри, ќе ја искористи сета своја енергија кога ќе почне да изумира и ќе се прошири во црвена „џин ѕвезда“.

Агенцијата нагласува дека „џиновската ѕвезда“ би можела да стане договлно голема и да ги проголта Меркур, Венера, па дури и Земјата,иако научниците предвидуваат дека животниот век на Сонцето ќе трае уште околу пет милијарди години.

06.05.2025 - 12:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега