СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ коалицира со ДУИ
ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја труе јавноста со прес конференции на кои наводно го напаѓа ДУИ, додека во позадина одлично им функционира коалицијата. Денес сме сведоци дека ВМРО-ДПМНЕ го реализираше еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ, формирано е тело за следење на правичната застапеност, велат од СДСМ.
„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ денеска заедно изгласаа Одлука за основа на Комисија на Собранието за следење на правична застапеност на етничките заедници. Додека секој ден од ВМРО-ДПМНЕ глумат на прес конференции некакви си напади кон ДУИ во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заеднички гласаат договорени работи. Претходно ДУИ му обезбеди гласови на Мицкоски за новите министерства без кои не можеше да состави Влада во ваков обем“, посочуваат од партиајта и додаваат:
„Што друго е договорено меѓу ДПМНЕ и ДУИ? Договорите допрва ќе ги дознаеме, но граѓаните не се слепи за да не ја препознаат манипулацијата и лажните јавни конфликти меѓу двете партии. ВМРО-ДПМНЕ им гласа одлуки на оние за кои вели дека ќе ја дестабилизираат државата, да не беше смешно ќе беше трагично. Овие манипулации со чуствата на граѓаните во јавноста, додека под маса се договараат коалиции се веќе видени методи кои граѓаните ќе ги препознаат и казнат.“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа