Србин пронајден мртов во стан на Крф
Телото на Србин (44) било пронајдено во саботата во стан на грчкиот остров Крф, каде што неодамна заминал на одмор.
Иако првично се посомневало, не се работи за насилна смрт, мажот починал откако проголтал пет пакетчиња дрога, а се претпоставува дека се работи за кокаин.
– Србинот бил на одмор на Крф, изнајмил стан на 7 август. Сепак, тој бил пронајден мртов во една од собите. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, а по извршената истрага телото е испратено на обдукција за да се утврдат причините за смртта, со оглед дека на телото немало видливи траги на насилство – пишуваат грчките медиуми.
По обдукцијата се покажало дека мажот не починал од природна смрт, туку проголтал пет пакетчиња прашкаста материја, бела по боја, тешка 83 грама, за која се претпоставува дека е кокаин.
Вештакот наведува и дека кај Србинот биле пронајдени траги од други психоактивни супстанци.
„Мажот ги проголтал пластичните пакувања, поради што органите почнале да отекуваат, а предизвикало и појава на течност во белите дробови, по што настапила смрт – соопштија медиумите, по што додаваат дека случајот е преземен од Обвинителството за наркотици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа