ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ учествува во планот за дестабилизација на ДУИ?
Социјалдемократскиот сојуз да не бега од одговори, содејствува ли со ДУИ во планот за дестабилизација, прашува владејачката ВМРО-ДПМНЕ утрово.
„СДС не може да остане нем посматрач, мора да кажат дали и тие чекаа на ДУИ за да ја дестабилизира државата? Па сега и едните и другите откако претседателот Мицкоски им го осуети планот се прегрупираат и се вадат дека само ќе протестираат.
И СДС и ДУИ имаат само една цел, нивните корумпирани функционери да не одговараат за криминалот и грабежот на државата.
7 години СДС и ДУИ ја крадеа државата. Резултатот е ограбена држава, и за тоа одговорност ќе има. Никакви црни сценарија нема да ги спасат“, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа