Почина новинарот Саше Димовски
Тажна вест утрово во новинарските кулоари. На 47-годишна возраст почина новинарот Саше Димовски.
Тој боледуваше од дијабетес, по што му беше ампутирана ногата, а се собираа и средства за негова рехабилитација. За жал, Димовски не ја издржа битката до крај.
Колегите се простуваат од него на социјалните мрежи.
Беше претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Работниот век го помина во Канал 5, Сител, Алфа ТВ, основач е на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството. Автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.
Погребот ќе се изврши во среда, 7.8.2024, на новите Градски гробишта во Велес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа