Хрватска: Исчезна 12-годишно девојче

 

Дванаесетгодишното девојче Амела Јелениќ исчезна вчера во местото Годињак кај Нова Градишка во Хрватска.

Таа е родена на 7 октомври 2011 година во Нашице, а нејзиниот престој е во Годишњак, Хрватска.

Девојчето е високо 155 сантиметри, кафени очи, а бројот на нејзините стапала е 36. Во моментот на исчезнувањето носела бел фустан со сини пруги и бели тениски чевли.

Таа вчера исчезнала во непознат правец во Годињак и оттогаш и се губи секаква трага, соопшти полицијата, заедно со постара фотографија од исчезнатото 12-годишно девојче.

Доколку имате информации за ова лице, ве молиме известете ја најблиската полициска станица.

Информациите можете да ги доставите и на е-маил адресата: [email protected]“, соопшти хрватската полиција.

29.07.2024 - 17:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега