ЗАКОН ЗА МЕДИУМИ: ЗНМ, МАН, Владата и амбасадите задоволни од договорот
Делегацијата на ЕУ и Амбасадата на Сад во Македонија ги поздравуваат вестите дека Владатата и новинарите постигнале согласност со цел да ги придвижат работите натаму во однос на Нацрт-медиумските закони.
- Ова следува по напорните консултации за овие законски акти. Се надеваме дека ова ќе го поплочи патот за редовен дијалог во однос на сите прашања кои ги засегаат медиумите, а кои се нагласени во Годишниот извештај на ЕУ и со тоа ќе придонесат кон создавање клима на доверба, стои во заедничката изјава на делегацијата на ЕУ и Амбасдадата на Сад во Македонија.
Министерот за информатичко општество Иво Ивановски и претседателот на ЗНМ Насер Селмани, вчера на заедничка прес-конференција обелоденија дека по неколкудневни разговори постигнале договор за три прашања - интернет порталите да се изземат од законските одредби, ограничувањата во новинарската професија да бидат во согласност со праксата на европскиот суд за човекови права, како и за застапеноста на новинарите во идната Агенција за новинари.
Утрово несогласување со постигнатиот договор изразија ССНМ и Центарот за развој на медиуми кои велат дека не биле консултирани во завршната фаза од процесот.
22.12.2013 - 10:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа