Роналдо веќе постави два рекорди на континенталното првенство

 

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо веќе ги собори своите први два рекорди на Евро 2024 благодарение на неговиот старт против Чешка, прв за неговата репрезентација на Европското првенство во Германија.

Триесет и девет-годишниот напаѓач стана единствениот играч во историјата кој учествувал во шест изданија на турнирот. Неговото прво Европско првенство беше во Португалија во 2004 година и оттогаш не пропуштил ниту едно Европско првенство. Зад него се неговиот сонародник Пепе и Хрватот Лука Модриќ за кого ЕП 2024 е петти ваков турнир.

Исто така, за капитенот на Португалија мечот со Чешка е број 26 на турнирот. Така тој го подобри сопствениот рекорд на натпревари на Европското првенство. На второто место повторно е Пепе, за кого ова ќе биде 20-та средба на европските завршници. Во досегашните 25 натпревари, Кристијано постигна 14 голови, што воедно е врв во историјата на турнирот

18.06.2024 - 21:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега