Министерката за одбрана сака да биде претседателка на СДСМ
Министерката за одбрана во заминување, Славјанка Петровска открива дека има амбиција да застане на лидерската позиција во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Таа потврдува дека размислува да се кандидира за функцијата.
Таа за неделникот Фокус вели дека сериозно размислува да се вклучи во трката за нов партиски лидер, откако актуелниот лидер Димитар Ковачевски најави внатрепартиски избори по дебаклот што го доживеа СДСМ на претседателските и на парламентарните избори.
Конечната одлука ќе ја донесе откако ќе биде започната постапката.
20.05.2024 - 17:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа