Што ли ќе каже Антониа Гиговска: Нејзиниот Џокер собра три провокативни девојки за неговиот најнов спот

 

Џокер не би бил Џокер доколку повторно не ги „запали социјалните мрежи со неговиот најнов музички проект, а овојпат тој е насловен „Сол на рана.

Како и со неговите претходни песни и видеоспотови, така и овој пат младиот и талентиран музичар Џокер предизвика реакации на социјалните мрежи, па така во коментарите на објавите може да прочитате и позитивни и негативни забелешки.

Но, како што пишавме погоре, Џокер не би бил Џокер доколку не ја „исповоцира јавноста. Но, едно е повеќе од јасно, за вкусови, особено музички не се дискутира, некому може да му се допаѓа, некому не.

„Јас правам музика прво мене да ми се допадне, па потоа на публиката. Можеби е себично, но која е поентата да создавам музика која мене не ми се допаѓа. Ова е еден можеби би рекол нов правец, нешто што не можеме го слушнеме на нашата естрада. Со други зборови, сакам да сум различен од останатите – изјави накусо младиот Џокер.

Инаку песната, односно музиката, текстот и аранжманот се негово дело, додека пак на спотот како режисер се потпишува Горан Симјаноски.

Во спотот покрај Џокер се појавуваат неколкумина музичари и три згодни девојки во провокативна облека…

16.05.2024 - 21:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега