Најмалку 37 лица загинаа во поплавите Индонезија
Најмалку 37 лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што минатиот викенд погодија три области во провинцијата Западна Суматра, поради обилните дождови, соопштија индонезиските власти.
Дождовите почнаа во саботата, создавајќи порои, лизгање на земјиштето и текови на студена лава, која е мешавина од вулканска пепел, камења и течна кал, изјави шефот на спасувачкиот тим во Западна Суматра, Абдул Малик.
“Обилните дождови однесоа материјали како пепел и големи камења од вулканот Марапи. Текот на лава и пороите отсекогаш ни беа закана во последно време. Но, проблемот е што тоа секогаш се случува доцна навечер, пред зори”, рече Малик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа